До кога со патриотизам на штета на Македонецот?

Одлуката на Град Скопје за откажување на новогодишната прослава на плоштадот наиде на негодување од страна на сопственикот на Авалон продукција, Бобан Милошески.

Тој преку својот приватен FB профил му упати порака на градоначалникот Коце Трајановски дека ако ги оштети македонските артисти, продукција ќе го тужи Град Скопје.

По објавувањето на овој статус, Авалон продукција излезе и со официјално соопштение во однос на ова прашање.

        Во врска со денешното случување околу откажувањето на дочекот на Нова Година од страна на Градот Скопје, официјален став на Авалон Продукција е следниот:

Имено, Авалон Продукција беше ангажирана во недостаток на сериозни финансиски средства со коишто досега се ангажираа скапи изведувачи од соседството, да организира дочек на Нова Година со македонси изведувачи, со скромниот буџет кој беше на располагање.
Под неверојатниот и нереален медиумски притисок, Градот Скопје попушти и одлучи да го откаже традиционалниот дочек на Новата Година на градскиот плоштад, веројатно сметајќи дека нема никаква пречка за тоа, поради фактот што не се ангажирани скапи артисти од соседството, туку македонски изведувачи, а притоа не водејќи сметка за следниве работи:

1. Дочек на плоштад на Нова Година се организира од хуманитарни причини и на тие дочеци доаѓаат луѓе коишто не можат да си дозволат друг тип на прослава за Новата Година.

2. Артистите ангажирани за таа Нова Година не се самите пријавени за настап, туку од нив е побарано да настапат на таа манифестација, притоа не водејќи сметка дека со тоа им се одзема можноста таа вечер да работат на некое друго место.

3. Авалон Продукција  воопшто не беше консултирана за оваа одлука на Град Скопје и повторуваме дека ова немаше да се случи доколку ние за оваа прилика за Градот Скопје ангажиравме некои естрадни ѕвезди од соседството. Сигурно е дека ќе имавме договори во коишто тие ќе беа заштитени и сигурно е дека уште при потпишувањето на договорите ќе беа стандардно уплатени 50 отсто од средствата како што е стандардно вообичаено во овој бизнис.

Кога е во прашање евентуална тужба, за која сопственикот на Авалон Продукција Бобан Милошески пишува на неговиот приватен профил на Фејсбук, нашиот став е дека доколку од нас, од страна на сите ангажирани во овој проект биде побарано некакво обештетување, ние ќе мора да го бараме тоа обештетување од оној од кој што бевме агажирани, во случајов Град Скопје.

Доколку сите инволвирани во проектот сметаат дека не треба да бидат обештетени, се разбира дека Авалон Продукција нема да го тужи градот Скопје и ова ќе остане запаметено како историски преседан и аматеризам и тотално понижување на тоа што значи македонски артист и тоа што значи професионалност.

Можевме да бидеме повикани на состанок, можевме да бидеме консултирани, можевме сите заедно да организираме дочек за Нова Година и да биде побарано од сите да се откажат од средствата, а не на најаматерски можен начин за нешто што е сепак бизнис, да бидеме известени од медиумите.
Сите што требаше да учествуваат во оваа манифестација се докажани хуманитарци и нема потреба да се докажуваат на ваков начин. Сите во своите екипи кои требаа да настапат на плоштад имаат музичари кои што се ангажирани вечерта и живеат од оваа работа. Така да, споменатата тужба не е ничив хир, туку едноставно е одраз на некаква прагматичност во целава ситуација.

Замолуваме сите медиуми што ќе го пренесат нашиот став, да го пренесат во целост, затоа што парцијално пренесување доведува до вадење од контекст.

Со почит,
Авалон Продукција



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби