Последните три песни кои ги снимаше Дејвид Боуви пред да почине, „No Plan“, „Killing A Little Time“ и „When I Met You“, се најдоа на неговиот нов албум - „No Plan“.
Копродуцент на песните е Тони Висконти, а освен овие песни, на албумот се најдоа и песните „Lazarus“ и „Blackstar“, кои беа објавени уште пред смртта на легендарниот пејач.
Најновата песна „No Plan“ си доби и свој спот, режиран од Том Хингстон. Останатите песни, останува да ги слушнете на новиот албум, додека добијат свои спотови.