ШТО СЕ ПЕЕ ВО ПЕСНАТА „BACILA JE SVE NIZ RIJEKU“?

Познати тажни песни кријат вистински приказни

Сите сме ги слушале оние стари песни и најчесто нè погодувале кога сме тажни. Можеби токму тогаш и се задлабочуваме и го слушаме текстот на песната, па размислуваме како настанала песната и која е вистинската приказна.

Во прилог ви ги откриваме вистинските приказни зад едни од најпознатите тажни песни во регионот:

Indexi: Bacila je sve niz rijeku

Во оваа позната балада се зборува за големата љубов на фронтменот Давор Поповиќ, која за јавноста била непозната девојка од Сараево. Нивната љубовна врска била сериозна, но девојката останала бремена, а тие двајца тоа не го планирале. Таа најверојатно абортирала и исчезнала од неговиот живот. Според приказната, по цели 10 години, Давор ја забележал девојката на концерт во Шведска, го прекинал концертот и почнал да ја бара, но сè било залудно. Автор на музиката е Фадил Реџиќ, а текстописец е Кемал Монтено.



Prljavo kazalište: Tu noć kad si se udavala

Според приказната, Јасенко Хоур од славниот бенд имал девојка која многу ја сакал. Со оглед дека морал да оди во војска, ја прашал дали ќе му биде верна и дали ќе го чека, на што таа одговорила позитивно. Но, откако се вратил, неговата драга веќе не го чекала, туку се подготвувала за свадба со друг маж.



Prljavo kazalište: Ruža Hrvatska


Не биле само девојките инспирација за тажни песни. Јесенко Хоур во песната „Ruža Hrvatska“, пее за неговата мајка. Иако постоеле шпекулации дека песната била за хрватската политичарка Савка Дапчевиќ-Кучар, Јесенко ги разјаснил гласините дека тоа било песна за неговата покојна мајка.



Мирослав Шкоро: Majko jedina

Познатиот пејач ја напишал една од своите најтажни песни и ја посветил на својата тешко болна мајка, со стихови преку кои се збогувал од неа.

- Таа 1998 година, го гледав празното место во дворот на кое требаше да седи мојата мајка и се борев со солзи. Почина два месеци пред концертот, потресно зборувал пејачот. Се свртив кон тамбурашите и побарав помош. Сите гледаа во подот и свиреа. Со солзи во очите побарав и придружни вокали. Никој од тага не можеше да пушти глас. Во тој момент, публиката почна да ракоплеска. На помош ми дојде мојата единствена публика. Иако помина многу време, тешко ми е да ја пеам песната. Мислам дека никогаш повеќе нема да ја пеам, изјавил Мирослав во 2015 година за едно интервју.



Ксенија Еркер: Proljeće je otpočelo s kišom


Кога Ксенија го запознала Хрвоје Хегедушиќ, тој веќе бил во брак, но меѓу нив се родила голема љубов. Се впуштиле во љубовна врска, а Ксенија не сакала да биде „онаа другата жена“, па му поставила ултиматум – или ќе се откаже од брак или меѓу нив веќе нема да има ништо.

Со оглед на тоа дека Хрвоје не се развел, младата Ксенија одлучила да започне турнеја во Советскиот сојуз, а пред патувањето, скршена од тага, затропала на вратат на Арсен Дедиќ да и напише текст токму за оваа песна. Преку оваа песна ја опеала нивната врска и она што сметала дека ќе биде нивниот љубовен крај.



Борис Новковиќ: Tamara


Борис не пател за Тамара, туку неговиот најдобар пријател. Тој бил во врска со некоја Тамара, но нивната врска се прекинала и тој многу пател за девојката. Според зборовите на самиот пејач, вистинската Тамара се препознала во песната и по издавањето му се јавила телефонски да му заблагодари.



Здравко Чолиќ: Ona spava


Оваа песна веројатно ја опишува трагедијата која се случила во 1974 година, кога Милица Костиќ се фрлила од 11 кат на облакодер, за да побегне од пет насилници кои сакале да ја силуваат. Еден нејзин познајник ја викнал, со цел таа да ги натера родителите на неговата девојка да ја пуштат да излезе со него на вечера. Но, тоа било лага. Кога сфатила дека нема девојка и кога ги видела нивните намери, ги замолила да не ја допираат. Тие не сакале да се откажат од намерата и фрлањето низ прозор и изгледало како единствена опција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби