По шест години откако бендот Jamiroquai го објавија нивниот последен албум „Rock Dust Light Star“, се решија да објават нов албум наречен „Automation“. Тие објавија краток тизер за албумот на нивниот профил на Facebook.
На тизерот може да видиме дека тие претставуваат нова песна која го носи насловот „Transmission 001“.
Токму оваа година, бендот полни 25 години откако за прв пат се појавиле на сцена со песната „When You Gonna Learn“. Останува да почекаме кога ќе го објават албумот и да споредиме дали порано или денес, прават подобра музика.