Викендов, пејачот Абел, кој во јавноста е познат како The Weeknd го видовме во прегратките на Селена Гомез. Она што сите нè шокираше е фактот дека Селена и поранешната девојка на пејачот, Бела Хадид се другарки.. Упс, беа другарки, додека таа не замина да го „теши“ нејзиниот бивши. Откако излегоа заедничките фотографии, Бела престана да ја следи Селена на социјалните мрежи.
Иако тие двајца немаат потврдено дека се забавуваат, пејачот го искористи периодот да промовира нова песна и спот, Party Monster. Во песната има стих преку кој тој пее за задникот на Селена.
Останува нејасно дали песната настанала пред нивната врска или потоа, а можеби била компонирана за да ја освои Селена.