Српската турбофолк ѕвезда, Цеца се трансформираше во вистинска ледена кралица во спотот за песната „Nevinost“.
Она што малкумина го знаат е дека секое модно парче кое го носи пејачката во новото видео е наменски направено за снимањето.
Едната креација е бела и ја отсликува нејзината „студена“ страна, додека втората е жар-црвен фустан, долг дури 7 метри.
Рацете и се украсени со Сваровски кристали, додека на главата носи посебно изработен фасцинатор, односно посебна геометриска конструкција која прави уметничка целина со белиот фустан.