GRAMMY AWARDS

Адел и ги грабна од раце сите награди на Бијонсе

Синоќа се одржаа 59-тите Grammy награди, од кои најглавните статуетки ги собра Адел и тоа со наградата за најдобар албум за нејзиниот „25“, кој растури насекаде низ светот, додека пак Бијонсе го стопираше шоуто, а останатите познати пејачи посветуваа песни на починатите музичари и изразуваа револт кон Американскиот претседател. Сѐ на сѐ, ова беше уште едно шоу за паметење!



Адел си замина дома со пет златни статуетки. Покрај албум на годината, ја доби и наградата за најдобра песна и плоча на годината за нејзиниот хит „Hello“ и со тоа стана првиот уметник кој двапати во годината доби награда за албум, плоча и песна на годината. Таа и Бијонсе како да се натпреваруваа една со друга, а на Адел дури и стана непријатно поради тоа што и ги зема сите награди во кои беше номинирана и Бијонсе.

- Мојот албум на годината беше оној на Бијонсе, „Lemonade“, па како обожавател на Бијонсе, некој дел во мене умре кога видов дека таа не ја доби наградата. Бијонсе, те обожавам и сакам да си ми мајка, изјави Адел при добивањето на наградата.


Овој нејзин коментар, следуваше веднаш по настапот на Бијонсе, која се појави на сцена како божица на феминизмот, но и го прослави животот на сите деца во светот. Интересно беше што освен нејзиното трудничко стомаче, на сцена можевме да ја видиме и Блу Ајви која си играше околу неа. Ги исполни песните „Love Drought“ и „Sandcastles“. Таа ја доби наградата за најдобар урбан албум за нејзиниот „Lemonade“.



- Многу ми е важно да им прикажувам на моите деца колку се прекрасни, па да немаат ниту грам сомнеж дека се убави, интелигентни и способни. Ова е нешто кое што треба да го знае секое дете од сите раси, изјави Бијонсе.



Иако Бијонсе беше номинирана во девет категории, освен наградата за најдобар албум, ја доби и наградата за најдобро музичко видео за песната „Formation“.

Освен големите награди, она што беше забележително беа настапите на останатите музичари кои се сконцентрираа на политичката сцена во Америка. Кети Пери ја исполни нејзината нова песна „Chained to the Rhythm“, а додека настапуваше во позадина стоеше Уставот на САД. Најочигледен беше настапот на ветеранската хип-хоп група A Tribe Called Quest, кои ја испеаа песната „President Agent Orange“. Веруваме дека сѐ ви стана јасно со насловот на песната, па нема потреба да објаснуваме.



Исто така, вечерта беше исполнета и со оддавање почит на починатите музичари. Адел пееше во чест на Џорџ Мајкл, а Бруно Марс му оддаде почит на Принс, додека во позадина одеа снимки од неговиот живот. И оваа година, великанот Дејвид Боуви, не беше заборавен. Тој освои дури четири Grammy награди за песни од неговиот последен албум „Blackstar“, кој беше објавен минатата година во јануари, веднаш по неговата смрт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби