Еден од моментите за кои најмногу се зборуваше на овогодинешните Grammy награди беше дуетот помеѓу Metallica и Лејди Гага, кои буквално ја разгорија сцената. Но, како дојде до ова спојување? Според Ларс Улрич, основачот и тапанар на бендот, било мошне едноставно.
- Гага беше голем обожавател на метал, а и долгогодишен фан на Metallica. Имаме заеднички пријател кој што не живее далеку од овде и со нив двајца бевме на вечера пред четири недели. Па и кажав: Ќе настапуваме на Grammy, сакаш со нас? Таа за само 12 секунди одговори дека сака и така се случи.
За времето додека биле на вечера, Гага веднаш ја слушнала песната и се договорила со вокалот за пеењето.
- Одлично беше што Гага пееше со нас, изјави басистот Роберт Трујило.