Момците од Maroon 5 објавија ново музичко видео за песната „Cold“ заедно со Future. Во спотот го гледаме Адам Левин во пијана состојба, опкружен со многу девојки. Сепак, се замешува полицијата и некои постари госпоѓи.
Во видеото се појавува и жена му на Адам, моделот на Victoria’s Secret, Бехати Принсло.