Честопати слушаме најразлични преработки на странски песни и не сме нешто посебно воодушевени.
Сепак, акустичната преработката, на „How deep is your love“ од Calvin Harris & Disciples, што ја направи скопскиот бенд FICTION, навистина звучи одлично.
FICTION можеме да ги слушнеме како свират низ домашните локали, а бендот го сочинуваат Петар Ѓуревски (вокал, перкусии), Виктор Захариев (гитара, пратечки вокал) и Филип Андонов (гитара, пратечки вокал).