Изгледа дека гласините за обединувањето на Take That сепак биле вистинити.
Момците од бендот објавија трејлер за мјузиклот „The Band“, во кој освен Роби, Гери, Хоуварт и Марк ќе учествуваат и победници од британско музичко шоу.
Победниците, кои се пет млади момчиња, всушност ќе ги прикажуваат Take That во нивните почетоци.
Мјузиклот ќе почне да се прикажува во Британија од август, но се уште не е познато дали ќе се прикажува и пошироко.