Gorillaz направи соработка со Pusha T и Mavis Staples при што објавија неверојатна песна – Let Me Out.
Песната ќе се најде на најновиот албум на Gorillaz, „Humanz“, кој веќе шест години се снима. Да и нас не ни се верува дека е потребно толку многу време за еден албум, но најверојатно песните ќе го оправдаат целото чекање.
Како инспирација за песните им послужила целата кампања на Доналд Трамп, но и тој како личност.
- Ја замислувавме идејата на Доналд Трамп. Секако не се песни за Трамп, но само лоша фантазија, изјави Демон.