Хери Стајлс објави нова романтична балада која најверојатно ќе успее да допре длабоко во вас.
Песната го носи насловот „Sweet Creature“ и е второ објавена песна на пејачот, откако тој започна соло кариера.
Оваа песна, ќе се најде на неговиот дебитантски албум, кој ќе биде објавен на 12 мај.
Но, очигледно дека Хери сака во големо да ја зграпчи соло кариерата, па реши да започне и светска турнеја. Во есен, најпрво ќе настапи во Лондон и Манчестер, а потоа и во Америка, Европа, Азија и Австралија.