ВРАЌАЊЕ ВО ВРЕМЕТО

Годините се само број: Шер и на 71 знае да направи шоу

И на 71 година, Шер сè уште го поседува она што своевремено ја направи светка музичка ѕвезда. Пејачката ја доби почесната награда за икона на Билборд музичките награди што се одржаа во Лас Вегас и приреди вистинско шоу со кое нè врати назад во времето.

Се сеќавате ли на црниот костим кој го носеше во спотот на Тurn Back Time во 1989-та? Седумдесет и едногодишната Шер излезе на сцена во речиси идентична провокативна креација без разлика на тоа што поминаа неколку декади откако за прв пат настапи со таа песна.

Таа го изведе и хитот од 98-ма, „Believe“ и ја крена публиката на нозе, момент по кој несомнено ќе ја паметиме вечерта.

Уште едно враќање во минатото приреди и Селин Дион која ја испеа хит нумерата од Титаник, „My Heart Will Go On“ во чест на 20-годишнината од песната.  Импресивните ефекти на сцената, а воедно и фустанот на Дион беа полн погодок, па никој не остана рамнодушен на овој настап.

Дрејк, кој ја доби наградата за најдобар изведувач, се обиде да остави свој впечаток врз шоуто, така што ја изведе „ Gylachester “ во самата фонтана на Bellagio хотелот, додека во позадина имаше импресивен огномет.

Ники Минаж беше поприлично разочарана зошто нејзиниот спот за песната Anaconda не беше номиниран за најдобар видео спот на годината и своето разочарување го сподели на Twitter.

-Ако твоето видео ги промовира девојките со слаби тела, тогаш ќе биде номинирано за видео на годината. Не сум секогаш самоуверена. Само сум уморна. Црнкињите имаат толку големо влијание врз поп културата, но мошне ретко добиваат награда за тоа, напиша Минаж.

Таа и Дрејк имаат интересна реакција на настапот на Мајли Сајрус, која ја изведе новата песна, Malibu. Додека Мајли плачеше на сцена, Дрејк беше целосно збунет, додека Ники не можеше да престане да се смее.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби