Каролина Гочева денес официјално објави нова песна на нејзиниот профил на Facebook.
Се работи за песната „Свет без граници“ заедно со Дуке Бојаџиев, преставена во многу убаво видео, благодарение на првачињата од ОУ „Љубен Лапе“ од Скопје. Нема детали за тоа дали тие ќе снимаат друго видео, но според зборовите на песната, нас и ова ни е убаво.