На 20ти јуни официјално ќе започне Skopje Calling, летен фестивал организиран од Авалон, на кој ќе настапат неколку музичари, а главните настапи ќе бидат на Thievery Corporation и Martin Garrix.
Thievery Corporation е американски бенд составен од 20 музичари, кои ќе настапат првата вечер. Тие носат полно концертно искуство од разни музичари кои ја обединуваат светската традиција на еден современ начин. Нивни најпознати хитови се „Until The Morning“, „Lebanese Blonde“, „Amerimacka“, „The Heart’s Lonely Hunter“...
- Како и за секој наш избор за концерт во Македонија, секогаш настојуваме да ги задоволиме апетитите на публиката од сите генерации и со различна жанровска определба. Така и овој пат се одлучивме за бенд што е маестрален и во живо и можеби единствениот во светот што со својот уникатен музички стил спојува повеќе музички жанрови со елементи на електронска музика, велат од Авалон Продукција.
На 23ти јуни пак ќе настапи една од најголемите глобални ѕвезди во моментот, Мartin Garrix, кој ги има обработено најдобрите хитови на David Guetta, Robin Schulz, Kungs, како и на Era Istrefi. Пред него ќе настапат Jax Jones и Alex Adair, а локална поддршка ќе добијат од Александар Галоски и момците од Duoz.
Skopje Calling ќе се одржи на стадионот на АРМ под отворено небо, што дополнително ќе направи уште подобра атмосфера. Еден од главните спонзори на фестивалот е Македонски Телеком.