Британската пејачка со косовско потекло, Дуа Липа, за само три дена собра 5 милиони прегледи со видеото за новиот летен хит, New Rules.
Песната е наменета за сите девојки кои постојано му се враќаат на поранешното момче и покрај фактот што тој не е за нив.
Многумина го пофалија спотот поради тоа што ја отсликува женската моќ и поддршката која си ја даваат жените една на друга, кога се тажни поради некој маж.