На сите убави работи им доаѓа крајот. Убавото време за Псај и неговата „Gangnam Style“ веќе заврши, бидејќи веќе не е најгледана песна на YouTube.
По цели пет години на врвот, песната конечно се симна на втората позиција, а на нејзино место се искачи песната „See You Again“ од дуото Виз Калифа и Чарли Пут. „Gangnam Style“ е гледана 2.894.426.475, а „See You Again“ е гледана 2.895.373.709 пати.