Честер Бенингтон (41), инаку познат како фронтмен на групата Linkin Park, е најден обесен во својот дом во Палос Вердес, во близина на Лос Анџелес.
Според првичните информации станува збор за самоубиство.
Низ годините, Честер имаше проблеми со дрогата и алкохолот, а неговата смрт се поклопи со роденденот на неговиот добар пријател Крис Корнел, кој се самоуби во мај.
Linkin Park требаше да ја започне својата турнеја за промоција на новиот албум One More Light, кон крајот на месецов.