Кеша објави уште една песна, откако сподели дека ќе објавува нов албум. Овој пат, не станува збор само за обична песна, туку за песна која го опишува целиот период кој таа го помина изминативе години.
Песната го носи насловот „Learn to Let Go“, а во видеото има споделено моменти од нејзиното детство.
- Без разлика колку минатото не создава нас, не можеме да дозволиме да не дефинира или постојано да не држи во едно место. Особено ако сме поминувале низ нешто што било тешко, не може да се задржуваме до тоа затоа што тоа не држи како да сме во затвор. Мора да научиме да ги пуштиме лошите чувства и да продолжиме напред, изјави Кеша во интервју за Huffington Post.
Песната „Learn to Let Go“ ќе се најде на нејзиниот нов албум „Rainbow“, кој ќе излезе на 11 август.