Нашата Тијана Дапчевиќ, е победничка во втората епизода на познато ТВ шоу „Tvoje Lice Zvuci Poznato“.
По минатонеделниот настап кога го имитираше Здравко Чолиќ, Тијана овој пат се најде во улогата на Лејди Гага.
Дапчевиќ даде сè од себе вокално за да ја долови американската ѕвезда, па токму затоа се закити со првото место. Чекот од 1000 евра кој и припадна на Тијана ќе биде дониран во Центарот за лица со посебни потреби во Скопје.
За време на настапот на нашата пејачка на сцената продефилираа неколку српски манекенки, сите во долна облека, небаре станува збор за вистинска модна ревија.
Како изгледаше сето тоа погледнете во прилог.