Скопскиот џез фестивал ќе се одржи од 19-22 октомври

36-то издание на Скопскиот џез фестивал ќе се одржи од 19-22 октомври. Програмата, како и секогаш, вклучува актуелни и врвни имиња во џез-музиката од САД, Европа и Африка. Ексклузивно, за единствен европски концерт, од Чикаго доаѓа една од најдобрите џез пејачки во светот – Ди Александер.


Во иста вечер ќе настапат две легендарни имиња од САД – Марк Рибо со проектот Young Philadephians и Стив Колмен со легендарните Five Elements. Од Норвешка ќе гостуваат два големи ансамбли – Trohdheim Jazz Orchestra со Оле Мортен Ваган и Paal Nilssen-Love Large Unit. Еден од најдобрите светски џез пијанисти Крег Тејборн ќе настапи со својот квартет.



Ќе ги видиме и двете надежни европски трија – Триото на Давид Хелбок и Interzone на Марио Ром. Два полноќни концерти со афро-бит легендите Орландо Џулиус и Heliocentrics и Ентони Џозеф со својата група. Со свој соло настап ќе се претстави и големото име на италијанскиот џез – Роберто Отавиано.

За четирите главни вечери (19-22 октомври), концертите ќе се одржат во Македонската опера и балет со почеток во 20:00 часот. Во втората и третата вечер (20,21 октомври), полноќните концерти ќе се одржат во Младинскиот културен центар, во дансинг салата со почеток во 24:00 часот. Четвртиот ден има попладневен концерт во Кино Фросина (МКЦ) со почеток во 17:00.


Оваа година има и посебна дополнителна програма составена од проекции на два документарни филма и една мултимедијална презентација. Презентацијата на Ичо Видмар “New music in New York” и проекцијата на документарниот филм – “The Jazz Loft according to W. Eugene Smith”, ќе се одржат во кино Фросина (МКЦ), на 21 октомври со почеток во 15:00 и 16:00 часот.

Проекцијата на филмот “Dixieland” (програма за млади) е во соработка со Џифони и Македокс и ќе се одржи во кино Фросина (МКЦ), на 20 октомври со почеток во 12:00 часот.
Резервација и продажба на билети во: Југотон рекордс, МОБ, МКЦ и mktickets.mk. За трите настани од дополнителната програма, влезот е слободен.

 ПРОГРАМА:

19 ОКТОМВРИ
Македонска опера и балет, 20:00
DAVID HELBOCK TRIO (Австрија)
TRONDHEIM JAZZ ORCHESTRA & OLE MORTEN VÅGAN (Норвешка)

20 ОКТОМВРИ
Македонска опера и балет, 20:00
MARIO ROM’S INTERZONE (Австрија)
DEE ALEXANDER (САД)
МКЦ Дансинг сала, 24:00
ORLANDO JULIUS & THE HELIOCENTRICS (Нигерија/Англија)

21 ОКТОМВРИ
Македонска опера и балет, 20:00
STEVE COLEMAN & FIVE ELEMENTS (САД)
MARC RIBOT & THE YOUNG PHILADELPHIANS + STRINGS (САД)
МКЦ Дансинг сала, 24:00
ANTHONY JOSEPH (Англија)

22 ОКТОМВРИ
МКЦ Кино Фросина, 17:00
ROBERTO OTTAVIANO (Италија)
Македонска опера и балет, 20:00
CRAIG TABORN QUARTET  (САД)
PAAL NILSSEN-LOVE LARGE UNIT (Норвешка)

ДОПОЛНИТЕЛНА ПРОГРАМА:

20 ОКТОМВРИ
МКЦ Кино Фросина, 12:00
DIXIELAND
Документарен филм

21 ОКТОМВРИ
МКЦ Кино Фросина, 15:00
NEW MUSIC IN NEW YORK
Презентација на Ичо Видмар
МКЦ Кино Фросина, 16:00
THE JAZZ LOFT ACCORDING TO W. EUGENE SMITH
Документарен филм



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X...
1531.- Во Капела заврши граѓанската војна во...
1555.- Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола,...
1831. - Штрајкот на лионските ткајачи прерасна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби