Тоше Проески бил на кастингот за операта „Vreme Cigana“ заедно со Стеван Анѓелковиќ и Никола Ѓуриќ, но не успеал да ја добие посакуваната улога.
Тоше на Балканот имаше кариера на која секој би завидел, додека еден чекор го делеше од светскиот успех. Сепак, пејачот имал една неостварена желба-улога во операта на Емир Костурица.
Иако ги исполнувал сите квалификации како извонреден вокал,поседувајќи огромна популарност, совршен физички изглед и огромно знаење, сепак не успеал да пронајде начин на кој би ги усогласил своите бројни обврски.
Ова го потврдува и добитникот на улогата, Стеван Анѓелковиќ.
- Многу кандидати бевме пријавени за кастингот. Навистина не ја знам точната причината, но знам дека не успеаа околу нешто да се договорат. Ми се чини дека Тоше не прифати поради одредени свои обврски. Но, тоа немаше врска со мене. Мене ми беше мило што јас ја добив улогата. Моите години се согласуваа со годините на главниот лик. Бев дете. Можев се тоа да го изведам со моите визуелни и пејачки способности, така што се ми се погоди. Тоа многу ми помогна во кариерата. Ми се отворија доста врати, а и ден денес имам некои поволности во Франција. Тоше беше еден од моите пеајчки идоли, сите бевме потресени кога се случи несреќата затоа што едноставно беше легенда. И ден денес обожавам да пеам негови песни, изјави Анѓелковиќ.