ВИДЕО: Здравко Чолиќ со нов сингл

Здравко Чолиќ денес на својот YouTube канал го промовираше својот нов сингл и спотот за истиот „Šljive su rodile“.

Текстот и музиката се со потпис на Златан Фазлиќ, аранжманот е на Никша Братош и Дејан Петровиќ, а режијата, како и за неколку претходни спотови така и сега, Чолиќ ја доверува на Александар Керекеш Кеки.

Најавувајки го петнаесетиот албум во својата кариера, Здравко Чолиќ со голема радост го претстави својот нов сингл "Šljive su rodile". Во оваа песна за прв пат соработува со Дејан Петровиќ, кој се појавува во две улоги: како гостин со својот Оркестар и како коаранжер на нумерата.

-Додека го работевме демото, Никша рече дека во песната добро би се вклопиле трубачи и тоа за мене беше како сигнал за Деки, кој е најдобар трубач на овие простори, заедно со неговиот светски бенд. Тој ја прифати поканата и смисли делови кои за мене се рокенрол. Рефренот е двојка, за некого е противпожарна , а за некој наш рокенрол – изјави Чолиќ.

Кеки, Здравко и екипа од повеќе од 50 соработници, по тридневното снимање, не можеа да ја сокријат воодушевеноста од прекрасниот амбиент во кој престојувале. Без посебна драматургија, спотот беше снимен на еден војводински салаш на кој живеат дваесетина девојки. Дрвото на кое растат јаболки, круши, дуњи, процвета, па почна да раѓа богатство од сливи. Тогаш бликнува среќа, сè оживува, а девојките со радост им се посветуваат на домаќинските работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби