Доколку некогаш одите на некој од концертите на Дрејк треба да знаете дека тој им пружа заштита на своите обожаватели.
📸
A post shared by champagnepapi (@champagnepapi) on
Познатиот пејач за време на неговиот настап во Сиднеј забележа како еден фан ги преминува границите и не се однесува соодветно со девојка во толпата. Во видеото кое е објавено од негов обожавател може да се види како му упатува закани кои ќе ги примени доколку не престане со однесувањето.
Дрејк со оваа постапка воодушеви многумина, но и покажа дека освен прекрасен глас поседува и други прекрасни квалитети.