Бојана Грегориќ го исфрли Сејо Сексон од станот

Во новиот спот на групата Zabranjeno pušenje за песната „Nova godina", со која се најавува новиот албум на групата, кој ќе биде објавен во мај 2018-та, загрепската актерката Бојана Грегориќ го исфрла Сејо Сексон од станот.

Но, секој крај на старата љубов, отвора можност за нова, овој спот во духот на новогодишните празници има среќен крај. Спотот е снимен во Сараево и Загреб, а фронтменот на бендот Сејо Сексон, вели дека оваа песна зборува за тагата, осаменоста и празнината на урбаниот живот и е автобиографска.

-Еднаш непромислено останав без девојка пред Нова година. Секогаш младите ги советувам да не ги прекинуваат врските пред зима и девојката каква и да е, да пробаат да ја зачуваат барем додека не дојде летото. Меѓутоа, јас не успеав и шетав сам низ градот, нерасположен меѓу сите тие еуфорични луѓе, открива Сејо.



Новиот спот на популарниот бенд ни носи празнична атмосфера, светкави украси, огномет и изобилство од емоции, а доколку посакате Новата година да ја дочекате со Zabranjeno pušenje, на 31.12 бидете во Биоград на Мору каде тие со својот концерт ќе ги внесат сите присутни во новата 2018 година. Концертот ќе биде одржан во паркот кај станицата.

Во спотот, покрај членовите на бендот се појавува и загрепската актерка Бојана Грегориќ – Вејзовиќ и нејзината сараевска колешка, Надин Мичиќ. Спотот е снимен во студиото на „Spektroom” продукција и е со потписот на Никола Благојевиќ. Режиран е од Саша Пешевски, а сценариото го смисли самиот лидер на бендот. Сценографијата е на Леа Петровиќ Нумиќ, облеката на Белма Жишко, фризурата на „EN studio“, а шминката на Наида Џекиќ. Видеото е снимено на неколку локации во Сараево, па минувачите можеа да ја видат екипата на Вратник, Башчаршија, како и во Галеријата „Борис Смоје“


-Песната ни кажува дека човек не треба да мисли дека дури и тогаш кога сите бродови му потонале дека нема да ја дочека Нова година со насмевка на лицето и да го загуби оптимизмот. Секогаш постои добра вила која го гледа од некој кров и ќе му се спушти на рамо, вели Сејо Сексон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби