Стеван Анѓелковиќ е победникот во 4-та сезона на ТВ шоуто „Tvoje Lice Zvuci Poznato“. Тој „избега“ пред нашата Тијана Дапчевиќ, со разлика од само 26 гласа, кои беа пресудни за неговата победа.
-Им се заблагодарувам на сите, на публиката и на својата девојка. Беше мошне тешко да се постигне сето ова. Заедно победивме, рече видно возбудениот пејач. Тој го додели ваучерот од 25 илјади евра на Детскиот оддел за онкологија при Клиничкиот центар на Србија.
Анѓелковиќ во финалето настапи со имитацијата на Елвис Присли и неговиот хит „Аlways on my mind“, додека Тијана овој пат се најде во улогата на Фреди Меркјури и ги изведе „Who Wants to Live Forever" и „Show Must Go On“.
Иако не победи, Дапчевиќ беше и повеќе од среќна со победата на Стеван, па прва му влета во прегратка за да му ја честита.