Веќе имавте прилика да ја слушнете Марија претходно на нашиот портал, но овој пат таа изненади со нов кавер на познатата песна Hallelujah за Божиќните и Новогодишните празници.
Иако е премногу млада, таа зад себе има прилично големо музичко искуство. Во март 2018-та ја очекува еден музички натпревар во Москва познат под името „Откритија Европа“, каде што ќе ја претставува Македонија како единствен претставник од нашата држава.
Во прилог слушнете ја нејзината најнова изведба.