ГРЕМИ НАГРАДИ 2018

Кеиша со емотивен настап – Ријана со нова провокација

Солзи и емоции, енергични настапи и очекувани победници, се само мал дел од нештата кои можевме да ги видиме на годинешното издание на Греми наградите кои вечера се одржаа во Медисон Сквер Гарден во Њујорк.

Шеесеттото издание на популарната манифестација не донесе големи изненадувања во однос на победниците. Сосема очекувано главни ѕвезди на вечерта беа Бруно Марс и Кендрик Ламар кои убедливо доминираа во категориите во кои што беа номинирани.

Овој пат Греми наградите ќе останат запаметени по неколку интересни настапи од кои вреди да се издвојат оние на Кеиша, Ријана, Бруно Марс, Лејди Гага и Пинк.



Кеиша несомнено го имаше најемотивниот настап на вечерта, со изведбата на нејзиниот сингл Praying, во кој зборува за тоа како била сексуално малтретирана од својот поранешен продуцент.

Песната ја заврши облеана во солзи, а нејзините колешки Синди Лопер, Бејб Рекса и Камила Кабело беа тука за да ја утешат со пријателска прегратка.

За разлика од Златните глобуси каде присутните носеа црни тоалети како поддршка на жртвите на сексуално насилство, ѕвездите на Греми наградите го подржаа ова движење со носење на бели рози, како мал детаљ на својата облека.

Настапот на Ријана пак беше еден од најенергичните и најозборуваните. Таа никогаш не се плаши да ги премине границите, па така беше и овој пат за време на изведбата на Wild Thoughts, каде поради танцувањето за малку не остана гола. Пејачката настапи на сцената покрај DJ Khaled и Брисон Тилер.

Нејзините движење за кратко станаа топ тема на Twitter каде многумина се шегуваа со изразот на лицето, а воедно и коментираа колку е дива и секси кога ќе се опушти на сцена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби