Кои актуелни и врвни имиња ќе ги слушнеме на ОФФест 2018?

Новото, 17-то издание, на фестивалот ОФФест ќе се одржи од 31 мај - 5 јуни. Програмата, како и секогаш, вклучува актуелни и врвни имиња од т.н. музика на светот (world music), од Европа, Африка, САД и Австралија.

Десет концерти на три локации. Jupiter & Okwess од Конго, ни гостуваат по втор пат, а нивното прво гостување беше многу еуфорично. Очекуваме тоа да се повтори. Fighting Windmills се единствената домашна група, со одличен нов албум, со своја премиерна концертна промоција на ОФФест. Dirtmusic се ол-старс група со Крис Екман (The Walkabouts), Хуго Рејс (The Bad Seeds на Ник Кејв) и Мурат Ертел (Baba Zula), и ќе ги видиме во едно психоделично-рок издание.

Автентичните Officina Zoe од Италија со својот хипнотички транс. Од Тунис, ќе гостуваат Ifriqiyya Electrique со шаманско-индустриски-електро ритуал. Ориентален рок со најдоброто од Турција - Gaye Su Akyol и нејзината група. Пополноќна afro-groove забава до утринските часови со DJ Mukambo од Белгија. Магичните Barmer Boys ја продолжуваат вековната индиска музичка традиција. Trans-Aeolian Transmission ќе ни приредат свој специфичен аудио-видео перформанс. И за затворање на фестивалот, африканската кралица - Уму Сангаре. Најголемата африканска пејачка, која доаѓа од Мали.



Во четири вечери (31 мај - 3 јуни), концертите ќе се одржат во Младинскиот културен центар. На 31 мај и 1 јуни со почеток во 21:00 часот, а на 2 и 3 мај со почеток во 20:00 часот. Полноќната забава на 2 мај е со почеток после 24:00 часот во Клуб Епицентар. Завршната вечер е на 5 мај во Македонската опера и балет со почеток во 20:30 часот.

Билетите за четирите вечери во Младинскиот културен центар се по цена од 500 денари за вечер. Билетите за концертот на Уму Сангаре во Македонска опера и балет се со цена 1.200 денари за галерија и 1.500 денари за партер. Билетите за полноќната забава во Клуб Епицентар се со цена од 200 денари. Комплет билетите се со привлечна цена од 1.500 денари за девет концерти. Во комплетот билети не е вклучен само концертот на Уму Сангаре.



Резервација и продажба на билети во: Југотон рекордс, МОБ, МКЦ и онлајн на mktickets.mk.

За подетални информации посететe ja веб страницата: www.offest.com.mk и фејсбук страницата: www.facebook.com/OFFest



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како ќе ја познаете швалерката на Трпе?
Кога и студи, оди во ќош, бидејќи таму е 90 степени!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈ : Поради сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Ново Село се...
Верски календар
На денешен ден
1822.- Во Берлин умре Ернст Теодор Амадаус...
1920.- Градот Хаг, во Холандија, е избран за...
1984.- Во Париз умре Мишел Фуко, прочуен...
1991.- Ден на државноста на Република Словенија.
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби