Десет изведувачи во пет фестивалски вечери на 17-от Оффест

Најбогат по денови и по учесници е годинашниот, 17-ти фестивал на музика од светот Оффест, што ќе се одржува од 31 мај до 5 јуни на три локации, главно, во Младинскиот културен центар.

Фестивалската програма в четврток во Дансинг салата на МКЦ ќе ја отвори „Jupiter & Okwess“ од Конго, кои вторпат се гости на Оффест. Следниот ден, 1 јуни, ќе настапат единствените учесници од Македонија - „Fighting Windmills “ кои ќе го промовираат новиот албум „An Exercise in Surprise“ а по нив американско-австралиско-турскиот состав „Dirtmusic“.



Четири концертни настани ќе има на третата фестивалска вечер, 2 јуни, која ќе почне со групата „Officina Zoe“ кои го негуваат народниот танц и музички стил „пицика“ од јужна Италија. По нив се „Ifriqiyya Electrique“ од Тунис со шаманско-индустриски-електро ритуал, а на крајот од саботната вечер во МКЦ ќе гостува пејачката Gaye Su Akyol од Турција која ќе претстави ориентален рок. Од полноќ истата вечер во клуб „Епицентар“ ќе гостува диџеј Mukambo од Белгија.

На 3 јуни во кино „Фросина“ во МКЦ музичката традиција од Раџастан ќе ја претстават „Barmer Boys“ од Индија, а по нив со специфичен аудиовизуелен перформанс ќе настапи француско-италијанскиот состав „Trans-Aeolian Transmission“.

Завршната вечер на 17. Оффест ќе биде на 5 јуни во Македонската опера и балет со настап на Oumou Sangare - африканска пејачка од Мали, која ја нарекуваат „песнопојна птица на Васулу“ - популарен музички жанр произлезен од народните традиции во руралниот југозападен дел на Мали.

- Не само што го држиме веќе историското ниво по квалитет на Оффест, туку и го надградуваме и една вечер има повеќе од Скопскиот џез-фестивал. Десет изведувачи, што е досега најголем број на овој фестивал, кои доаѓаат од сите меридијани и се познати насекаде во светот, рече директорот на фестивалот Оливер Белопета на прес-конференција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби