The Mole Pack - нов блуз подем на македонската музичка сцена

Нов бран на музички креации е во подем од новосоздадениот авторски бенд “The Mole Pack”. Бендот штотуку го сними својот прв албум “Gambling Man” кој е инспириран од прогресивната блуз-рок сцена од доцните 1960-ти и раните 1970-ти години.

Албумот се состои од девет песни во кои покрај блуз и рок има доза на фанк, соул, па дури и малку кантри влијание. “Нè собра Димитар, кој е веќе долго време блуз фанатик, и го напиша целиот материјал за албумот. Пред сè, сите ние сме блиски пријатели, па музичката конекција и разбирање дојдoa природно.” - вели Александар Ѓорѓиески, главниот вокал на бендот.

‘Рбетот на бендот се состои од: Димитар Даневски (ритам и соло гитара), Александар Ѓорѓиески (вокал и усна хармоника), Теодор Бошков (бас гитара) и Глигор “Гишо” Динев (тапани). Пријатели и музичари кои имаат значајна улога и го комплетираат чопорот се: Дарко Стојоски (ритам и соло гитара), Златко Андријевски (ритам и соло гитара), Бранко Сапламаев (клавијатура), Влатко Сапламаев (клавијатура) и други блиски пријатели.


Имено, името на бендот има пошироко значење и цел. Кртот (mole) е животно кое e речиси слепо. Недостигот на вид го компензира потпирајќи се на неговите чувства, инстинкти, и интуиција. Преку аналогија, членовите на бендот мислат дека луѓето би требалo повеќе да им веруваат на нивните чувства, односно слушање на своето “внатрешно јас”, со цел да го збогатат сопствениот дух и да се задoволат сопствените интереси и желби без страв од неуспех. Следењето на интуицијата и инстинктите би можеле да помогнат во излегување од секојдневната рутина на модерниот живот.

Без разлика дали се работи за интерес за музика, филм, било која форма на уметност, било која форма на наука или филозофија, или било каков интерес во животот – бендот повикува да “копаме” по она што навистина го сакаме. „Дружете се, сакајте се, и слушајте добра музика. Се надеваме дека ние ќе ви помогнеме во тоа.” – велат “кртовите.”



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби