Себичниот говор на Мадона ги налути обожавателите на Арета Френклин

Обожавателите на Арета Френклин ги преполнија социјалните мрежи со илјадници негативни коментари упатени кон Мадона (60) која вчера вечер одржа 10-минутен говор во чест на неодамна почината кралица на соул музиката.



Мадона реши да зборува за Френклин низ призмата на сопствената приказна

-Арета Френклин го смени текот на мојот живот. Го напуштив Детроит кога имав 18. Триесет и пет долари во мојот џеб. Сонував да станам професионална танчарка. По години борба и без пари, решив да се пријавам на аудиција за музички театар- слушнав дека плаќале подобро. Немав тренинг или сон за да станам пејачка, но се обидов. Бев одбивана на секоја аудиција. Не бев доволно висока. Не се вклопував доволно...раскажа Мадона.

Потоа зборуваше за тоа како на една од аудициите решила да ја изведе You Make Me Feel Like A Natural Woman oд Френклин, по што продуцентите го забележале нејзиниот потенцијал и решиле да ја направат ѕвезда.



-Најверојатно се прашувате зошто ви ја раскажувам оваа приказна. Има причина затоа што ништо од ова немаше да се случи, да не беше нашата дама на соулот. Таа ме донесе онаму каде што сум денес. И знам дека таа имаше големо влијание врз многу луѓе кои се тука денес, во оваа просторија оваа вечер. И сакам да ти се заблагодарам Арета што ни даде моќ на сите нас. РЕСПЕКТ. Долго нека живее кралицата, заврши пејачката.

За некого ова беше супер говор, но за повеќето обожаватели на Арета Френклин, Мадона не ја исполни задачата и беше мошне себична затоа што не пропушти прилика да заборува за себе си и за својата кариера.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби