Џеј Ло со перформанс за паметење и емотивна порака до нејзиното момче

Џенифер Лопез (49) на синоќешното доделување на VMA музичките награди во Њујорк, беше почестена со познатата Michael Jackson Video Vanguard Award, која им се доделува на познатите музички изведувачи, признавајќи ги нивните достигнувања во областа на музиката и филмот.



Наградата, која што се доделува уште од 1984-та и во 1991-ва беше преименувана во чест на Мајкл Џексон, досега им била доделена на повеќе звучни имиња како Мадона, Џорџ Мајкл, U2 и Бијонсе.

Лопез го искористи моментот на доделувањето за да каже збор два за својата кариера, а воедно и да му се заблагодари на своето момче, бејзбол играчот, Алекс Родригез нарекувајќи го свое мачо бебе.



-Ова беше неверојатно патување. Ги сонував своите најлуди соништа и потоа гледав како ми се исполнуваат. Музика, глума, настапи...Оваа кариера отсекогаш била опсесија за мене. Кога луѓето ми велеа „Правиш премногу нешта во исто време“ јас секогаш бев личноста што вели „А зошто да не?“. На некој начин самата морав да си изградам сопствен пат и правила,

-Алекс...Ти си ми како душа близначка. Ние сме како огледало еден на друг. Мојот живот е посладок и подобар со тебе во него затоа што секој ден ми покажуваш дека небото не е границата – Универзумот е бескраен исто како и сè друго што можеме да го постигнеме заедно со љубов, доверба и разбирање. Има толку многу нешта што треба да се направат, да се доживеат и нема никој друг со кој што би ги направила. Ти си моето мачо бебе и те сакам, рече Лопез додека гордиот Родригез го слушаше нејзиниот говор од публиката заедно со близнаците Еме и Макс.

Латино дивата имаше перформанс за паметење. Во 10-минутниот настап успеа да ги вметне најголемите хитови кои ја одбележаа нејзината музичка кариера, во исто време изведувајќи импресивна кореографија со својот тим на танчари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби