Здравко Чолиќ со нов спот и втор концерт во Скопје

Песната "Ničeg nije bilo između nas", која ја освои целата публика во регионот, петтата нумера од новиот албум на Здравко Чолиќ, доби своја филмска илустрација.

Ова дело е со потпис на Александар Сретеновиќ, а аранжманот на Никша Братош.

„Сензуалните сцени кои ги снимавме, досега не се видени во спотовите на Здравко. Моравме да ја внесеме магијата на провокацијата, заведувањето, приказна која ќе ги држи во неизвесност гледачите до самиот крај на спотот."- изјави Александар Керкеш Кеки, режисерот кој својот визуелен печат го става и на овој спот.

Приказната за младиот брачен пар, кој поминува низ емотивни искушенија и кризни моменти, е снимана во Нови Сад.

Во рамки на регионалната турнеја „Ono malo sreće“ , Здравко Чолиќ ќе одржи концерти: во Загреб (20. октомври), во Тузла (3. ноември), во Скопје – два концерти (10. и 17. ноември).

Од првиот концерт кој ќе се одржи во Вип Арената Борис Трајковски (10.11.2018) останати се уште само неколку Партер и Фанпит карти. На огромно барање на публиката закажан е и втор концерт на 17.11.2018.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба денес (12.10.2018) во 12 часот, преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, Пола Југотон и цвеќара "Розе" - Веро2.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби