На концертот во чест на Тоше ќе биде промовиран албумот „Secret Place“

Нови, досега необјавени песни од Тоше Проески содржи албумот „Secret Place“ кој ќе биде промовиран на големиот концерт во негова чест в петок во ВИП Арена „Борис Трајковски“.



Тоше е автор на дел од песните, а неколку ги создал заедно со англискиот композитор и продуцент Енди Рајт, во чие студио е работен албумот и кој ќе престојува во Скопје.

На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видеозаписа со Тоше. Утре ќе биде пуштен спотот за песната „We are blood“, која ја пее внукот на Тоше, Кристијан Ристески, и е дел од новиот албум. Песната од денеска се емитува на радиостаниците.

На концертот на 2 ноември ќе настапат македонски и музичари од регионот, меѓу кои: Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов.., а неговиот внук Кристијан ќе ја изведе „We are blood“.

Организатор на концертот е Фондацијата „Тоше Проески“ од каде што соопштија дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на Тоше. Средствата се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје.

Почетокот на концертот е во 20 часот. Влезниците се по цена од 250 и 350 денари и може да се купат во Југотон, Розе Веро 2 и Носталгија рекордс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби