103 Генерации – Нова фестивалска авантура на стотројка

На 24-ти ноември (сабота), со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар на два подиума, музичкото радио Канал 103 организира целовечерен фестивал со исклучително квалитетни бендови и артисти од Велика Британија, Шведска, Албанија и Македонија, сите со актуелни албумски изданија за 2018 година. Фоајето на кино Фросина ќе биде резервирано за традиционалниот настап на диџеите од Стотројка.



Две и пол години по незаборавниот концерт на Psychic TV, што ја одбележа 25-годишнината на радиото, Канал 103 најавува ново уникатно искуство во вид на музичкиот фестивал - 103 ГЕНЕРАЦИИ.

Инспирирани од својата улога на „први во колоната" на патот кон повисока (музичка) свест, искра светлина во мрачните лавиринти на македонската независна реалност, Стотројка реши повторно да ја „измести" публиката со еден супер современ музички настан. И тоа во духот на 27-годишниот процес на создавање автентична контра-стварност, духовна агора во којашто се пронаоѓаат и дејствуваат нови и нови напредни и храбри протагонисти на својот автентичен поглед на светот - 103 генерации. Во слава на музиката, слободниот дух и градот. Против стравот од промени и напредок, доминантната општествена глупост и примитивизам, омраза, национализам и разноразни теории на заговор.

Музичката агенда на 103 ГЕНЕРАЦИИ е исклучително храбра, напредна, супер-еклектична и бескомпромисно квалитетна, каква што е, впрочем, и програмската ориентација на радиото. Главните адути, поточно хедлајнери на настанот се, несомнено, шведскиот маг на софистицираниот електронски звук THE FIELD и британските психоделични гитар-рок херои THE OSCILLATION. Тука е и одличниот дарк/минимал/колд вејв тандем од Тирана I TPAME I TVRAME, како и домашните миленици на инди/пост-рок публиката SUSIJAT. Сите четири имиња во Скопје ќе ги промовираат своите најнови албумски изданија, објавени во 2018 година, што на целиот настан му дава доза на свежина, актуелност и ексклузивност.

Фестивалот е предвидено да се одвива на два подиума. На првиот (маин) стејџ, во познатата „Дансинг Сала“ - од неодамна преименувана во „Сала 25 мај“ - ќе настапат бендовите во живо: The Oscillation, The Field, I Tpame I Tvrame и Susijat. Вториот, пак, електронски ориентиран стејџ, сместен во фоајето на Кино Фросина, ќе биде резервиран за диџеите на Канал 103: Виолета Качакова, Илина Ангеловска, Ивана Драгшиќ, Мирко Попов и Андреа Салпе, кои ќе ја понесат забавата до раните утрински часови.

Билетите се веќе пуштени во продажба во: Југотон Рекордс, МКЦ и во продажната мрежа на МК Тикетс по цена од 350 ден. На денот на одржување на фестивалот, билетите ќе чинат 500 ден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби