Јала Брат, Буба Корели и Николија на 9 февруари во Скопје

Едни од најактуелните изведувачи во регионот, Јала Брат, Буба Корели и Николија, на 9 февруари (сабота) закажаа свој настап во ВИП Арена Борис Трајковски во Скопје. Со почеток во 20.00 часот, на гламурозна сцена во главниот град, ќе се нижат хитовите на една нова генерација музичари која што во моментов полни сали и распродава концерти низ целиот регион. Пред нив, загревање, на сцената во Борис Трајковски ќе биде Dj Zdravko.

-Јала Брат, Буба Корели и Николија во моментов се едни од најбараните и наслушаните изведувачи во регионот. Имаат голем број фанови и во Македонија и среќни сме што успеавме да ги договориме на почетокот на оваа 2019 година во која што ветуваме уште многу други концерти на најпознатите од регионот и пошироко, велат организаторите Балканска музичка продукција.

„Клинка“, „Мафија“, „Право време“, „Нема боље“, „Слажем“, „Нема лимита“, „Гламур“...ова се само дел од песните со милионски прегледи на Јутјуб, кој што ќе ги слушнете и на 9 февруари во Скопје.

Цената на влезниците е 600 денари за партер. Истите се веќе пуштени во продажба, во продажната мрежа на мктикетс.

Буба Корели и Јала Брат се босански рапери и музички продуценти со повеќе од 30 заеднички песни и два студиски албуми, „Пакт со ѓаволот“ и „Круна“. Многу одамна почнуваат да се занимаваат со музика, но регионалната сцена ги забележува во 2014 година. Николија пак, инаку ќерка на познатата српска пејачка Весна Змијанац, по студиите во странство, во 2013 година се враќа во Србија и почнува сосема поинаква музичка кариера од својата позната мајка. Денес Николија е една од најбараните изведувачи низ белградските дискотеки со свои хитови и студиски албуми и милионски аудиториум на својот јутјуб канал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби