Концертен спектакл на познатиот виолинист Стефан Миленковиќ во Скопје

На 23-ти март во Македонска Филхармонија, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ, заедно со оркестарот на Македонската Филхармонија ќе приредат концертна ноќ за паметење.



Стефан Миленковиќ неколкупати досега имаше можност да ѝ се претстави на македонската публика, која не остана рамнодушна на ниеден негов настап. Овој мајстор на виолина ја надгради исклучителната концертна кариера настапувајќи со најреномираните светски оркестри и музички уметници. Има издадено голем број носачи на звук, а значајна е и неговата хуманитарна работа.

Неговата кариера започнува многу рано, на 5-годишна возраст, па така го добива епитетот “чудо од дете”. Вниманието на пошироката јавност го привлекува на 10 години, кога по покана од Белата куќа, Миленковиќ настапува на т.н. Божиќно шоу, пред тогашниот претседател на Соединетите Американски Држави – Роналд Реган. Веднаш потоа, започнува неговото интернационално претставување. Во текот на својата кариера Стефан Миленковиќ настапувал со некои од најпознатите оркестри во светот, како Берлинскиот Симфониски оркестар, Хелсиншката Филхармонија, Оркестарот на „Бољшои“, Државниот оркестар на Мексико и со диригенти како Лорин Мазел, Даниел Орен, Владимир Федосејев, Ен Шао и многу други. Добитник е на повеќе награди и признанија, како за изведувачката, така и за хуманитарната дејност.

Билетите за овој концертен спектакл ќе бидат пуштени во продажба денес (23.01.2019) и истите може да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com, “Пола Југотон” и “Цвеќара Розе” - Веро 2.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби