Тамара за Евровизија: Тоа е местото каде што да бидеш различен е да бидеш ГОРД

Тамара Тодевска оваа година ќе ја претставува нашата земја на Изборот за песна на Евровизија во Тел Авив со „Proud“.

Додека сме во очекување на песната, пејачката сподели интересен пост на својот Instagram околу тоа што значи за неа овој настап.

Здраво,

Кога пред месец дена добив покана да ја претставувам својата земја на изборот за песна на Евровизија во Тел Авив (покрај моето ентузијастичко и среќно ДА) првото нешто што ми падна на ум, која ќе биде целта од моето учество во овој избор? Што е она што сакам да го кажам? Што е она што сакам да го споделам со светот?

Знаете за мене одењето на Евровизија никогаш не било за да се влезе во финале, да се биде меѓу првите 10 или да се победи. За мене Евровизија отсекогаш била многу повеќе од тоа!

Евровизија е за прифаќање на различностите, пркосење на нормите, да се биде горд на она што си, токму онаков каков што си. Евровизија е онаа една вечер во годината кога целиот континент се собира за да ја прослави смелоста, храброста и индивидуалноста! Тоа е местото каде што да бидеш различен е да бидеш ГОРД.

Јас сум мајка на две деца; тригодишно девојче и тримесечно момче. Знам дека звучи како клише, но тие навистина ми го променија животот и чувствувам, и како мајка и како родител, дека е моја одговорност и НАША одговорност да направиме позитивна промена во животот на нашите деца.

Сиот мој живот ми велеа дека не сум доволно женствена, доволно добра, дека се движам и се однесувам како машко. Спушти ја главата, облечи нешто секси, на никој не му е грижа што навистина мислиш, ќе речеа. Знаете, во нивните умови, јас бев уште една изгубена девојка.

Денес, кога ја гледам својата ќерка, сакам таа да порасне во свет каде што луѓето нема да ја осудуваат, нема да и кажуваат како да се однесува, се смее и се движи. Сакам таа да знае дека не мора да ги следи правилата за да биде прифатена. Сакам таа да биде која што ќе посака да биде и што е поважно, да биде горда на онаа која што е. Тоа е најмалку што можам да направам за неа.

Горда сум што можам да кажам дека 16-ти мај ќе и ја посветам мојата песна на ќерка ми и ќе пеам за сите оние на кои им велат секогаш да ја спуштат главата долу и да ги следат строгите правила.

На 16-ти мај ќе ги прекршиме правилата макар во една ноќ во годината, ќе му покажеме на светот дека ЈАС СУМ ГОРД секогаш е посилно од нивното НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕШ ДОВОЛНО ДОБАР!

Вие СЕКОГАШ ќе бидете доволно добри!

Се гледаме во Тел Авив

Тамара



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби