ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ИЗБОРОТ ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА

Осмели се да сонуваш!

Под мотото “Осмели се да сонуваш (Dare to dream)”, вечерва во 21 часот ќе започне 64-иот по ред избор за Песна на Евровизија. За прв пат во историјата, домаќин е Тел Авив во Израел, благодарение на минатогодишната победа на Нета Барзилаи со песната “Toy”. Градот кој е роден за забава и градот кој функционира 24/7 ќе биде место на средба на 41 земја учесник, вклучително и нашата која ќе ја претставува Тамара со песната “Proud”.



Израел е домаќин на изборот за песна на Евровизија по четврти пат. Трипати претходно домаќин беше светиот град Ерусалим. Годинава, изборот се сели на средоземното море, покрај плажа каде ќе бидат лоцирани Eurovillage и Euroclub како и Expo павиљонот 2 и 1 каде ќе се одржи изборот и каде ќе биде сместен прес центарот.



Дванаесетта година по ред, изборот за Песна на Евровизија ќе има две полуфинални вечери и една финална, закажани за 14, 16 и 18-ти мај.

Вечерва на програмата е првата полуфинална вечер во која ќе настапат 17 држави по следниов редослед: Кипар, Црна Гора, Финска, Полска, Словенија, Чешка, Унгарија, Белорусија, Србија, Белгија, Грузија, Австралија, Исланд, Естонија, Португалија, Грција, Сан Марино.

Според нашите предвидувања, пласман во финалната вечер треба да обезбедат: Кипар, Словенија, Чешка, Белгија, Австралија, Исланд, Естонија, Португалија, Грција и Унгарија.

Покрај државите кои ќе настапат, свои гласови ќе додели домаќинот Израел и Франција и Шпанија кои се дел од големата петорка.

Стручното жири (кое веќе гласаше синоќа) составено од пет члена ќе учествува со 50% од добиените поени за секоја држава, а останатите 50% од гласовите ќе се добијат од телефонските јавувања на гледачите.

Во текот на паузите пред гласањето и во неофицијалната програма, планирани се настапи на поранешни победници на изборот за Песна на Евровизија: Дана Интернешнл, Кончита Вурст и Манс Зелмерлоу. Во финалната вечер предвиден е настап на поп иконата Мадона која ќе изведе две песни чии наслови се чуваат како најстрога тајна.

И.Н.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби