Вечерва е втората полуфинална вечер на Евровизија

Напред Тамара, направи нè горди!

Под реден број 17, Тамара со песната “Proud” ќе се обиде по шестгодишна пауза да обезбеди финале за Македонија.

Вечерва во 21 часот во Expo павиљонот 2 во Тел Авив ќе се одржи втората полуфинална вечер на годинашниот избор за Песна на Евровизија.

На програмата се настапите на 18 земји учеснички, по следниов редослед: Ерменија, Ирска, Молдавија, Швајцарија, Летонија, Романија, Данска, Шведска, Австрија, Хрватска, Малта, Литванија, Русија, Албанија, Норвешка, Холандија, Македонија, Азербејџан.



Според нашите предвидувања, пласман во финалната вечер треба да обезбедат: Ерменија, Швајцарија, Шведска, Малта, Русија, Норвешка, Холандија, Македонија и Азербејџан и евентуално Данска или Летонија. Треба да се нагласи дека оваа втората е многу поквалитетна од првата полуфинална вечер.

Покрај државите кои ќе настапат, свои гласови ќе доделат и: Италија, Германија и Обединетото Кралство кои се дел од големата петорка.



Стручното жири (кое веќе гласаше синоќа) составено од пет члена ќе учествува во 50% од добиените поени за секоја држава, а останатите 50% од гласовите ќе се добијат од телефонските јавувања на гледачите.

Во текот на паузите пред гласањето и во неофицијалната програма, планирани се настапи на поранешни победници на изборот за Песна на Евровизија: Дана Интернешнл, Кончита Вурст и Манс Зелмерлоу...

Во финалната вечер предвиден е настап на поп иконата Мадона која ќе изведе две песни чии наслови се чуваат како најстрога тајна.

Ексклузивно за ИДИВИДИ од Тел Авив, Илија Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби