ПРЕД ФИНАЛНАТА ВЕЧЕР НА ЕВРОВИЗИЈА 2019

Мадона кани на бесплатна забава

Според она што го видовме на првата генерална проба за финалната вечер, изборот за Песна на Евровизија годинава повторно ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди

Вечер во 21 часот, Експо павиљонот 2 во Тел Авив, Израел ќе биде домаќин на финалето на 64-иот избор за Песна на Евровизија. Според она што го видовме на првата генерална проба оваа музичка манифестација ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како најгледан настан кој организаторот очекува да го следат над 200 милиони гледачи низ светот.



Несомнено тоа ќе се случи, зашто шоуто ќе биде спектакуларно и вo сoдржинска и вo технича смисла. Редоследот по кој ќе настапат 26-те земји финалисти е следен: Малта, Албанија, Чешка, Германија, Русија, Данска, Сан Марино, Македонија, Шведска, Словенија, Кипар, Холандија, Грција, Израел, Норвешка, Обединетото Кралство, Исланд, Естонија, Белорусија, Азербејџан, Франција, Италиај, Србија, Швајцарија, Австралија и Шпанија.

Според тоа како се претставија, но и според коментарите помеѓу колегите и помеѓу учесниците, ИДИВИДИ предвидува дека победник би требало да биде: Швајцарија, Шведска, Холандија, Италија или Австралија. Да, државата која географски не припаѓа во Европа и која има огромна публика и поддршка на Евровизија во своето петто по ред претставување може да победи.

Имаат исклучителен и досега невиден настап кој е оригинален. Доколку сепак Австралија победи, тие ќе бидат соорганизатори со држава од Европа која ќе прифати организација на настанот.

Во однос на Македонија, постојано примаме честитки за пласманот во финалето. Многумина ја поддржуваат нашата Тамара и коментираат дека им се допаѓа песната Proud и начинот на кој е претставена на сцената. Сепак, Евровизија секогаш и непредвидлива и можно е да случи пресврт.

По претставувањето на песните, ќе следува потсетување на неколку евровизиски победнички песни кои на многу интересен начин ќе ги отпеат Кончита Вурст, Манс Зелмерлоу, Верка Сердучка и Елени Фуреира.

Шоуто ќе го отвори Нета Барзилаи и Дана Интернешнл. Во текот на паузата Нета ќе ја има светската премиера на новиот синг Ната банана. Пред да бидат објавени поените од гласањето на гледачите и на стручното жири, гледачите ќе можат да ја видат Мадона. Мадона ќе настапи на изборот за Песна на Евровизија како специјална гостинка.

Според информациите до кои дојде ИДИВИДИ, таа ќе ги отпее Like a prayer ןод 1989 годна заедно 35-член хор и Future заедно со раперот Куаво, песна од нејзиниот нов албум Madame X кој ќе биде објавен на 14-ти јуни. Сите информации во врска со Мадона се чуваат во најстрога тајност.

Од она што ИДИВИДИ успеа да дознае, таа допатувала во Тел Авив на 15-ти мај од Португалија со приватен авион на Силван Адамс, еврејски милијардер од Канада. Со хеликоптер била во малиот израелски град Цфат кој се смета за град на кабалата и за еден од четирите свети градови во јудаизмот. Како кабалист, Мадона била таму за да оддаде почит на починат кабалист, т.е. на човек кој го практикувал еверејскиот мистицизам кој започнал пред 16 века.

Пробите на Мадона се од затворен тип и не е планирана прес конференција. Сепак, во прес центарот беше пренесена нејзината порака дека се радува за настапот и дека сите ги кани на забава на која ќе се претстави во поинкво светло. Да напоменеме дека со Мадона допатува екипа од 100 луѓе.

Ексклузивно за ИДИВИДИ од Тел Авив, Илија Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби