ФИНАЛЕ НА ИЗБОРОТ ЗА ПЕСНА НА ЕВРОВИЗИЈА 2019 ВО ТЕЛ АВИВ

Осмо место за Тамара еднакво на победа

Осмото место на Тамара е најдобар пласман за Македонија на изборот за Песна Евровизија

Каква ноќ, какво шоу, каква атмосфера, ова не се опишува, ова само се доживува е првиот коментар после финалето на изборот за Песна на Евровизија. Тамара со Proud во име на Македонија го однесе целиот светски аудиториум во друга димензија. Покажа и докажа дека помалку е повеќе.

Со минималистички пристап оствари максимален ефект. Го освои осмото место што е еднакво на победа. Докажа дека и ние можеме, знаеме и сакаме.

Освоени 295 поени таа ги доби како второпласирана од стручното жири на кои беа додадени поените од телевоутингот.



Инаку победник на 64-иот избор на Песна на Евровизија е Данкан Лоренс од Холандија со песната Arcade, кој освои 492 поени.

-Се радувам што победив, иако во текот на настапот бев многу нервозен. Вечерва победи музиката и тоа е најважно, изјави тој после победата.

Како и Тамара и Данкан отпеа минималистичка балада. Инаку Холандија и Македонија ги освоија првото и второто место во второто полуфинале.

 Второто место во финалето го освои Италија, третото Русија, а натаму следуваат: Швајцарија, Норвешка, Шведска, Азербејџан, Македонија, Австралија, Исланд, Чешка, Данска, Словенија, Франција, Кипар, Малта, Србија, Албанија, Естонија, Сан Марино, Грција, Шпанија, Израел, Германија, Белорусија и Обединетото кралство.

Ненадминливото шоу беше збогатено со поранешни евровизиски победници и со настапот на Мадона.

Ексклузивно за ИДИВИДИ од Тел Авив: Илија Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби