ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ ОД ЕБУ

Грешката е исправена! Македонија 7-ма за Евровизија

Според новиот редослед, Македонија го освои седмото место на изборот за Песна на Евровизија

Грешката е исправена! е сублимат на коментарите по синоќешното официјално соопштение на ЕБУ (Европската радиодифузна унија) во врска со гласањето на годинашниот избор за Песна на Евровизија кој заврши во Тел Авив, Израел.

Имено, уште во текот на соопштувањето на гласовите од жирито во Белорусија во текот на преносот, беше забележана грешка кај презентерката за која алармираа во прес центарот. Сега и официјално ЕБУ излезе со следниот став:

-Бидејќи станува збор за човечка грешка таа навремено е исправена. Еден од членовите на белоруското жири јавно зборувал за тоа кому ги доделил поените, што е во спротивност со правилата на ЕБУ. Тоа не смее да се прави пред завршување на финалната вечер. Така, новото гласање на белоруското жири било вкалкулирано одново. Според него, Македонија добила 10 поени, а Шведска 2 поени. Со тоа, Тамара и Proud се првопласирани од жирито, а Шведска е втора.

Во вкупниот пласман, Македонија го освои седмото место, а Шведска заврши на петтото место.

Во 20-тотот јубилејно учестово, нашата земја оствари историски пласмана на седмото место, за пет места погоре од досега најдоброто на Елена Ристеска Нинанајна (2006) и на Калиопи Црно и бело (2012).

Иако постфестивалски, оваа реакција на ЕБУ е доказ дека изборот за Песна на Евровизија е целосно транспарентен во однос на гласањето и местенките и политиката се само минорна точка во големата слика за оваа манифестација.

Конечен пласман:

1. Холандија 498 поени
2. Италија 472
3. Русија 370
4. Швајцарија 364
5. Шведска 334
6. Норвешка 331
7. Македонија 305
8. Азербејџан 302
9. Австралија 284
10. Исланд 232
11. Чешка 157
12. Данска 120
13. Кипар 109
14. Малта 107
15. Словенија 105
16. Франција 105
17. Албанија 90
18. Србија 89
19. Сан Марино 77
20. Естонија 76
21. Грција 74
22. Шпанија 54
23. Израел 35
24. Белорусија 31
25. Германија 24
26. Обединетото Кралство 11

Според жири:

1. Македонија 247
2. Шведска 241
3. Холандија 237
4. Италија 220
5. Азербејџан 202



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби