Трет ден OFFest: Концерт на Фатумата Дијавара

Африканската дива Фатумата Дијавара вечер во Националната опера и балет ќе има концерт во рамки на 18. издание на „OFFest“, што ќе се одржува до осми јуни.

Дијавера се појави на сцената во 2011-тa година, а во последниве години се етаблираше како една од водечките женски гласноговорнички на новата африканска творечка генерација.



– Нејзиниот спектакуларен деби албум „Fatou“ (2011) ја лансираше оваа пејачка, актерка и активистка од Мали меѓу најекспонираните нови африкански уметници на планетата. Вториот албум „Fenfo“ („Нешто да кажам“), пак, на драматичен начин ги исполни очекувањата испорачувајќи нова збирка живописни и оригинални композиции што се потпираат врз нејзините богати животни искуства. Храбро експериментален, но со длабока почит кон потеклото, ова е албум што ја дефинира како глас на младата африканска жена – горда на своето наследство, но со сопствена визија за иднината и универзална порака, пишува во каталогот на фестивалот „OFFest“.

Фатумата Дијавара има соработувано со некои од најзначајните имиња на современата музика: Херби Хенкок, Боби Вомек, Дејмон Албарн, Тумани Диабате, Уму Сангаре, Ди Ди Бриџвотер, Роберто Фонсека… Во исто време продолжува со својата паралелна кариера како актерка, вклучувајќи ја и извонредната улога во филмот „Тимбукту“ (2014), кој беше номиниран за БАФТА и Оскар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби