Унгарскиот бенд Сондорго и Џамбо Агушеви оркестарот вечер на „ОFFest“

Унгарскиот бенд Сондорго, кој се смета за еден од водечките претставници на тамбурашката музика од Унгарија и Џамбо Агушеви дувачки оркестар од Македонија вечер ќе одржат концерти во рамки на 18. OFFest.



Концертот на унгарскиот бенд ќе се одржи во Дансинг салата во МКЦ со почетокот во 20:00 часот, додека два часа подоцна во истата сала пред публиката ќе се претстави Џамбо Агушеви дувачкиот оркестар.

Сондорго е формиран од браќата Арон и Бенџамин Ередиќ кон средината на 90-тите години во Сентендре (мал унгарски град близу Будимпешта со долгогодишна српска традиција), овој возбудлив состав е посветен на изведувањето и промовирањето на јужнословенската фолк музика собрана од Бела Барток и Тихомир Вујичиќ, популарна кај заедниците што живеат долж реката Дунав.

Нивната мисија е да ги оживеат скриените скапоцени камења на различните балкански звуци. Но, за разлика од повеќето групи што свират балканска музика, Сондорго не изведуваат музика за дувачки оркестар, туку тамбурашка музика со извонредна техничка виртуозност и свежа интерпретација.

Постојано присутни на унгарските и европските фестивали континуирано настапуваат и со познатиот македонски саксофонист Ферус Мустафов – плод на оваа соработка е нивниот заеднички албум „Sondorgo & Ferus Mustafov In Concert“ (2009).

Она што Сондорго совршено го комбинираат е почитта кон традициите, желбата за иновација и блескавата незапирлива виртуозност.

Џамбо Агушеви оркестарот е дувачки оркестар од Македонија којшто денес се смета за еден од најдобрите на Балканот. Музиката што виртуозно ја изведуваат може да се дефинира како своевидна фузија на традиционалните балкански, ромски и турски звуци со влијанијата на свинг, џез, поп и филмската музика.

Од скромните почетоци во малата Струмица до освојување на сцените ширум планетава оркестарот прерасна во врвна атракција на светската музичка сцена. Лидерот Џамбо Агушев, познат и по прекарот „the funky tiger“ е најпрославениот македонски музичар по заминувањето на Есма Реџепова, но тој, сепак, нема намера да подзаспива на ловориките на славата заработувајќи вистинско богатство со свирење на раскошни свадби и големи фестивали.

Младиот виртуоз не беше задоволен со таквата кариера и оттогаш гледа како да ја одржи, развие и продлабочи репутацијата што тој и неговиот бенд ја имаат како музичари пар екселанс, освојувајќи ја публиката низ Европа и пошироко. На тој начин тие стекнаа голем број обожаватели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби