Викендов Скопје звучеше како светска метропола со Telekom Electronic Beats Picnic

Скопскиот Градски парк минатата сабота (21.09) беше домаќин на уникатен настан под името Telekom Electronic Beats Picnic, на кој присутните се забавуваа со електронските звуци на домашни и странски диџеи, гледаа музички документарни филмови, беа опкружени со изложби на облека и рачни изработки.



Цел ден скопјани се забавуваа во ритамот на современата електронска музика на светски познатите Llorca (Art of Tones) и Jus Ed, како и големиот број домашни диџеи кои се појавија на сцената во Градскиот парк. Настанот почна во 11:00 часот со сетовите на диџеите на СкопскиGroove, а потоа DJ Чваре, Mosaik Kolektif, Еми Ермилова, Катеринa Mileskaya, Зоки Бејбе и Алек Солтиров ја забавуваа публиката до зајдисонце, кога на диџеј пултот се појави францускиот „nu jazz“ пионер, Llorca (Art of Tones). По крајот на неговиот сет на сцената покрај езерцето настапија Виктор Апостолски и Андреј Мицајков, за потоа во новиот ден да нè воведат сировите андерграунд звуци на американскиот DJ Jus Ed. Програмата ја затворија добро познатите Robotek и Бодан Јамакоски околу 02:00 часот по полноќ наредниот ден, а дел од сетовите можеа да се проследат преку стрим во живо на официјалниот Фејсбук профил на Telekom Electronic Beats.

Изведувачите и бројните гости заедно придонесоа да го испратиме летото со журка за која ќе се зборува и наредните месеци. За момент, Скопје беше обоено во магента и звучеше како модерна европска метропола. Погледнете ја галеријата од Telekom Electronic Beats Picnic, бидејќи фотографиите најдобро ќе ви ја доловат атмосферата од настанот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби