ВИДЕО: „СКАрантин“ – Суперхикс со нова песна и спот

Кога станува збор за забава, песна и многу скокање, на тоа поле Суперхикс се незаменливи долги години на македонската естрада. Карантинот не ги спречи, туку напротив, ги мотивираше да настане нивната нова песна „СКАрантин“ во домашни услови. Бунтовна, игрива и ексцентрична, „СКАрантин“ е песна во која ќе се пронајде секој екстроверт, но и интроверт.



„СКАрантин, сите сме во СКАрантин“, велат Суперхикс во песната проследена со веселата ска музика, препознатлива за нив. Видео спотот е интересен, со позитивна енергија, на кој што не можете, а да не заиграте и да не се насмеете. Во него се појавуваат и нивните фанови кои што се забавуваат во нивните домови, со заштитни маски, играат, пеат, свират и покажуваат како го поминуваат своето време во карантин.

-Спотот е изработен во домашно-карантински услови со помош на нашите фанови кои што ни испратија видеа како танцуваат и се забавуваат на нашиот нов сингл „СКАрантин“. Многу сме горди и среќни што песната беше прифатена позитивно од нивна страна и ни покажаа уште еднаш дека вреди да твориме и во тешки и во убави времиња, велат членовите на Суперхикс.

Карантинската аудио обработка е дело на Ненад Трифуновски - Трипе, а карантинската видео обработка ја направи Гоце Лалковски, кој што одлично го доловил моментот дека карантинот може да биде забавен со убава песна заедно со најблиските.

Уживајте во новата песна „СКАрантин“ на Суперхикс, забавувајте се и чувајте се. Времето во карантин може да биде забавно и исполнето со позитивни моменти, а кога сето тоа ќе заврши ќе имаме прекрасни спомени од моментите поминати со најблиските кои ќе траат вечно!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби