Наскоро премиера на 10-та Симфонија на Бетовен завршена од вештачка интелигенција

За да ја одбележи 250 годишнината од раѓањето на Бетовен, Дојче Телеком организираше тим од меѓународни експерти да ја довршат недовршената 10-та Симфoнија на Бетовен со помош на вештачка интелигенција.

Една година по 250-от роденден на големиот композитор, неговата 10-та Симфонија е завршена со помош на вештачка интелигенција и ќе има премиера во Телеком Форумот во Бон.

Приказната за 10-та симфонија



Кратко пред смртта, Бетовен започнал да работи на 10-та Симфонија, но делото останало недовршено. Под водство на др. Матијас Родер, директор на Карајан институтот, група експерти за вештачка интелигенција и музиколози ја развија „Вештачката интелигенција Бетовен“ која „го разбира“ стилот на овој славен композитор.

Вештачката интелигенција „работеше“ не само со композициите и белешките на Бетовен за 10-та Симфонија, туку и со дела на други композитори и музичари кои докажано го инспирирале и влијаеле врз Бетовен за време на неговиот живот, како на пример Јохан Себастијан Бах.

Заедно со експертите, алгоритамот го продолжи последното негово недовршено дело. Експериментот кој беше тема на дебата имаше за цел да одговори на прашањето – дали алгоритмите можат да бидат креативни и да ги заменат луѓето во уметноста.

Светската премиера на симфонијата ќе се одржи на 9 октомври во Телеком Форумот во Бон. Премиерата ќе биде емитувана и во живо.

Краткиот аудио клип кој може да се слушне во прилог им овозможува на слушателите да го добијат првиот впечаток за завршената композиција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби